Директор

Од декември 2017 година, нашето училиште е предводено од Гоце Лазаров. Тој е роден на 5. Август 1976 година. Своето средно образование го има завршено токму во СОУ  “Коста Сусинов “ Радовиш (тогаш ДСУ  “Коста Сусинов “ Радовиш) од 1991 до 1996 во гимназиско образование (природно математичко подрачје). На 1. Септември 2003 година дипломира на природно-математичкиот факултет – Скопје на насока Физика при универзитетот  “Св. Кирил и Методиј “ – Скопје и се стекнува со звање Дипломиран професор по физика VII степен.

Од 1. Април 2004 до 5. Декември 2017 година, работи како професор по физика во СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, а на 6. Декември е назначен за В. Д. Директор. Од 5. Јули 2017 година е назначен за директор и успешно раководи и го предводи училиштето.

   „Визијата на гимназијата е насочена кон унапредување на професионаниот развој на вработените, подобрување на квалитетот на наставата и поттикнување на креативноста на учениците. Единствениот храм на едукација во градот на тутунот е пријатно катче за соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите. 

Некогашните и денешните ученици заедно се една петдецениска приказна за постоењето на средното образование во Радовиш од кое учениците со сигурни чекори се упатуваат кон светлата иднина“

Гоце Лазаров
Директор на СОУ Коста Сусинов 
e-mail : goce.lazarov@yahoo.com

Превод »