Стручното образование во СОУ Коста Сусинов е со четиригодишно траење. Стручно образование обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини неопходни за вклучување на пазарот на трудот или продолжување на образованието;
Во склоп на стручното образование постојат следниве струки и образовни профили:
- Геолошко-рударска и металуршка струка – профил: Металуршки техничар
- Геолошко-рударска и металуршка струка – профил: Геолошко-рударски техничар (соработка со компании БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ, БУЧИМ ДОО Радовиш)
- Електротехничка струка – профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика (македонски и турски наставен јазик) (до 2020/21)
- Електротехничка струка – профил: Електротехничар-енергетичар (македонски и турски наставен јазик)
- Машинска струка – профил: Машински техничар
Изборните предмети за секој од профилите се дадени во продолжение: