на 25.4.2015 г. во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, се одржа регионалниот натпревар за учениците од електротехничка струка.
На овој натпревар, нашето училиште го претставуваше ученичката Микерем Јашарова од III-9 клас која врз основа на нејзините знаења од предметите Програмирање, Дигитални системи и Автоматика успеа да се пласира на државниот натпревар кој треба да се одржи на 9.5.2015 г. во Прилеп.
Ментори на нашата ученичка се Славица Костадинова, Даниела Ѓоргиева и Дејан Милчевски.
На Микерем и посакуваме многу успех на државниот натпревар!