Повик за натпревар за ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА на англиски јазик на МАССУМ Образовното Рандеву 2016

ПОВИК

За натпревар за ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА на англиски јазик на МАССУМ Образовното Рандеву 2016

Се повикуваат сите ученици на СОУ “ Коста Сусинов ” да учествуваат на овој натпревар индивидуално.

Секој ученик треба да се пријави за учество

кај проф. Наташа Спасевска ( nspasevska@yahoo.com )

најдоцна до 22 ри ФЕВРУАРИ 2016

СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИСУТНИ ВО УЧИЛИШТЕТО НА

22 ФЕВРУАРИ ( понеделник ) во 13 часот

( во кабинет по англиски јазик )

( Ќе добијат инструкции и насоки за изработка на биографија ( CV ), насловно писмо ( cover letter ), како составни делови на интервјуто за работа, со соодветна назнака на работното место за кое аплицираат. Целта на овој натпревар е развивање, практицирање и демонстрирање на вештини кои треба да се поседуваат при активно барање работа. Секој дел од овој натпревар симулира реална ситуација што сите работодавци ја практикуваат при вработување нови кадри. )

Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку водство, практична работа и учење.

Превод »