Училиштето се стреми да создаде здрава училишна средина во која учениците пристојно ќе се чувствуваат, со можност секое дете да научи и се здобие со знаење, индивидуално да се развива и стекнува доверба во себе, во наставниците и другите вработени во училиштето, учениците да бидат постојано активни, а со тоа да стекнат и трајни знаења кои ќе им послужат понатаму во секојдневниот живот. Секое програмирање на работата на училиштето се темели на квалитетот на наставната работа и нејзиното се поголемо педагошко ефектуирање. За да може училиштето да ја реализира својата мисија, тоа ќе ги следи промените во општеството, но и самото ќе ги креира потребните промени. Визијата на СОУ Коста Сусинов Радовиш е тоа да биде безбедна и дисциплинирана средина за сите ученици, препознатливо и атрактивно за школување, константно да се развива и еволуира. Воспитно-образовниот процес да се одвива квалитетно, со современи форми и методи на работа прилагодени на потребите и интересите на учениците, наставниците, на локалната средина и воопшто на државата. Учениците со задоволство да се образуваат во училиштето и по завршувањето успешно да одговорат на современите предизвици.