Отворен ден

Во деновите кога се реализираат родителски средби во 19:00 часот се организира и ОТВОРЕН ДЕН НА УЧИЛИШТЕТО во Средното Општинско Училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш. На овој ден вратите на училиштето се отворени за сите родители и ученици кои имаат потреба да разговараат со предметните професори. Професорите од СОУ Коста Сусинов групирани по активи се отворени за прашања и забелешки. Кабинетите на секој од активите се отворени за посета, а освен тоа посетителите имаат можност да ги видат и нагледните средства со кои располага чилиштето, а кои учениците имаат можност да ги применуваат за време на наставата.

*Заради моменталната состоја со корона вирусот отворените денови на училиштето не се реализираат.
За прашања и консултаци родителите и учениците може да им се обратат на наставниците и педагошко психолошката служба преку email или Microsoft Teams.

Превод »