Наставен кадар

Во учебната 2023/2024 година воспитно-образовната дејност во училиштето ја реализираат вкупно 64 наставници, од кои 59 реализираат теоретска настава, а 5 практично-теоретска настава во геолошко-рударска и металуршка струка, и електро-техничка струка. Од нив  58 наставници се во редовен работен однос, а 6 се на определено работно време.

Во воспитно-образовната дејност се вклучени 4 стручни соработници и тоа: психолог, педагог и двајца библиотекари. Во правно-економската служба има еден правник и еден економист. За секоја смена е задожен по еден раководител на смена со по 10 часа.

Образовната структура на кадарот кој ја изведува наставата потполно одговара на законските и програмските барања по сите наставни предмети.

Наставниците во текот на годината учествуваат на сите педагошки семинари на кои се разработуваат стручни методски прашања, што придонесуваат тие да бидат подготвени за внесување на иновации во наставата за унапредување на воспитно-образовната дејност.

Мото на наставникот: Оној кој се одлучил да подучува, не смее никогаш
да се откаже од учење!

Обуки и семинари

Во месец септември тројца наставници од нашето училишете: Маја Сулева, Миле Арсов и Сашо Ристов учествуваа на повеќедневна обука за училишни обучувачи изведена од страна на националните обучувачи за примена на Националната платформа при изведување на онлајн наставата за учебната 2020/2021. Потоа од 21 до 23 септември горе споменатите наставници спроведоа тридневна десеминација односно онлајн обука која ја следеа сите наставници како и психолошко-педагошката служба. На онлајн обуката нашите училишни обучувачи детелно ги претставија и објаснија сите опции кои ги нуди Националната платформа при креирање на активности за време на онлајн наставата.

На 30 септември исто така беше спроведена онлајн обука од страна на националниот обучувач Николче Шулевски на којашто учествуваа поголем дел од наставниците и педагошко – психолошката служба и на истата преку неколку конкретни предмети и наставни едниници беше разгледано како практично да се применува Националната платформа при креирање на онлајн часовите.

Индивидуални обуки и семинари:

Гоце Лазаров

Учество на:

Вебинар – Проценка и одржување на хигиена во училиштата, 8.10.2020 – МОН, БРО, МТСП, УНИЦЕФ, BritishEmbassy

Валентина Ристова

Учество на:

5. 09. 2020- ЕДУИНО вебинар „Подготовка на училиштето за реализација на воспито- образовниотпроцес според Планот и протоколот за одржување на настава“.

08.10.2020 – Советодавна средба организирана од страна на Биро за разој на образованието во врска со Упатството за реализација на Скратените наставни програми за учебната 2020/21, Упатство за реализација на наставата по изборни предмети, Упатство за оценување на учениците  во услови на настава од далечина и други отворени прашања. 

27.11.2020  Обука за новините во државната матура во 2020/21

Љупка Туџарова-Аврамова

Учество на:

5. 09. 2020- ЕДУИНО вебинар „Подготовка на училиштето за реализација на воспито- образовниотпроцес според Планот и протоколот за одржување на настава“.

08.10.2020 – Советодавна средба организирана од страна на Биро за разој на образованието во врска со Упатството за реализација на Скратените наставни програми за учебната 2020/21, Упатство за реализација на наставата по изборни предмети, Упатство за оценување на учениците  во услови на настава од далечина и други отворени прашања. 

Билјана Теохарева- Филипова

Учество на:

5. 09. 2020- ЕДУИНО вебинар „Подготовка на училиштето за реализација на воспито- образовниотпроцес според Планот и протоколот за одржување на настава“.

Kатерина Сусинова

Учество на:

Септември, 2020 – „Разбирање на принципите на работа на Националната платформа за учење од далечина” – онлајн обука организирана од страна на Министерството за образование на Р. С. Македонија;

15.09.2020 – „Подготовка на училиштето за реализација на воспитно-образовниот процес според планот и протоколот за одржување на настава” – ЕДУИНО вебинар организиран од страна на Бирото за развој на образование на Р. С. Македонија;

15.10.2020 – „Добри практики за спроведување на онлајн час” – ЕДУИНО вебинар организиран од страна на Бирото за развој на образование на Р. С. Македонија;

28.10.2020 – „Оформување на персонализирани учебни патеки за учениците” – ЕДУИНО вебинар организиран од страна на Бирото за развој на образование на Р. С. Македонија;

21.11.2020 – „Standing Strong – part 2” – онлајн конференција организирана од страна на ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност на Р. С. Македонија;

-Учество на курс ‘Winter 2021 Orientation Course’ преку програмата OPEN-Online Professional English Network спонзориран од Американскиот Стејт Департмент и Американската влада, а спроведен преку FHI 360.

Василка Митева

Учество на:

– Обука за  Добри практики  за спроведување на онлај час                                                        БРО, 15.10.2020

– Обука за  Дискалкулија-практични методи и алатки  – Здружение на дислексија Ајнштајн, 17.10.2020

– Обука за  Подготовки за тестирање ПИРЛС 2021 – БРО, 27.10.2020

– Обука за  Практични совети и добри практики во користење на       Microsoft Teams  БРО, 10.12.2020

Наташа Спасевска

Учество на:

– Онлајн обука – „Реализација на наставата со користење на различни ИКТ средства за учење” – септември 2020 – Министерство за образование и Биро за развој на образованието;

– Конференција – „Standing Strong”– part 2 –ноември 2020 – Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност на Р.С.македонија – ELTAM MK

– ЕДУИНО Вебинар – „Практични совети и добри практики во користењето на Microsoft Teams”–декември 2020 – Биро за развој на образованието;

– Едуино вебинар – декември 2020 – „Формативно и сумативно оценување со Microsoft Teams” –- Биро за развој на образованието;

– Онлајн работилница – декември 2020 –„Differentiation in the Classroom!” – Peace Corps;

– Онлајн обука – декември 2020 –„Writing: Engaging Writers”.

Иванка Спасова

Учество на:

Вебинар одржан на 24.09.2020 организиран од Факутетот за физичка култура-Скопје на којшто беа опфатени следниве теми:

– Методи на оценување –  проф. д-р Гонтарев Серјожа

– Моторички развој – проф. д-р Вукасановиќ Владимир

– Здрава храна – проф.д-р Шукова Даниела

– Настава во услови на CoVid19 -советник за Спорт и спортски активности

 Алиу Мустафа

Нина Арсова

Учество на:

Обука како дел од програмата  за зајакнување на дигиталните компетенции на наставниците  – „Инспирирај развој.”

– модул 1 – 15 септември 

– модул 2 – 22 септември 

– модул 3 – 28 септември 

Joвица Илиќ

Учество на:

– Работилница online  ФИЛОЗОФИЈА ЗА ДЕЦА ПРЕКУ ФИЛМ во рамките на 10. Филозофски Филмски Фестивал, Модератор на работилницата е проф. д-р Веселин Дафов од Софија дата: 10 – 12 ноември 2020;

– Семинар – дискусија online за новините во Испитната програма за проектна задача во рамките на државната матура, Државниот испитен центар во соработка со Министерството за образование и наука на ден 10.11.2020г.

– Симпозиумот на тема: „Промислување на пандемиите“ во организација на Институтот по филозофија при Филозофскиот факултет и Филозофското друштво на Македонија дата: 19 ноември (четврток) 2020 преку Zoom – дигиталната платформа.

Билјана Јованова

Учество на:
-Вебинар на тема „Подготовки за тестирањето писа 2021 година“ 29.10.2020;
-Месечни средби за ПИСА тестирањето, две во ноември и една во декември, одржани на Teams, од стана на советник по математика Даниела Тачева Николов.

Милица Келкоцева

Учество на:

-Реализација на наставата со користење на различни ИКТ средства за учење –  17.08.2020;

-Подготовка на училиштето за реализација на воспитно образовниот процес според  Планот и протоколот за одржување на настава -15.09.2020;

-Добри практики за спроведување на онлајн час – 15.10.2020;

„Практични совети и добри практики во користење на Microsoft Teams“-10.12.2020;

-Bitte halten Sie Abstand! – Anregungen für einen interaktiven Unterricht – 11.12.2020

Kирил Чапов

Учество на:

-06-08.10.2020 „Препораки за предавање и учење за холокаустот” (подготовка на стратегија за изучување на холокаустот)  –  Секторот за холокауст образование и истражување при ИДКНА, Македонија;

-30.10.2020 Научна конференција на тема „Историја, сеќавање и книжевност”- Францускиот институт во Скопје, АЛДА и Француската алијанса во Битола;

-05.11.2020  Концепт на мултиперспективноста во наставата по историја, 
27th EuroClio Annual Conference and Professional Development and Training Course;

-24.12.2020  Обука „Споделување на европски истории – 5 за 5“ -Udruzenje za drustvenu istoriju, Beograd,R. Srbija 

Каролина Ристова Миленков

Учество на:

Обука за  новита програми и наставни материјали за Граѓанско образование  за прва година организирана од страна на БРО и Македонскиот центар за граѓанско образование реализран преку 3 модули на 26 октомври, 2 ноември и 9 декември.

Maja Караманова Сулева

Учество на:

Едуино вебинари:,, Подготовка на училиштето за реализација на воспитно – образовниот процес ‘’ – 15.09.2020

,, Добри практики за спроведување на онлајн час ‘’ – 15.10.2020

,, Оформување на персонализирани учебни патеки за учениците ‘’ – 28.10.2020

,, Подготовка за тестирање ПИСА 2021’’ – 29.10.2020

,, Практични совети и добри практики во користење на Microsoft Teams ‘’ – 10.12.2020

,, Формативно и сумативно оценување со Microsoft Teams ‘’ – 22.12.2020

-Учество на T4 World  Education Week – 5-9 Октомври 2020;

-Обука за училишен обучувач за Националната платформа за далечинско учење – 17,18,19 септември 2020;

-Десиминација како училишен обучувач за Националната платформа – 21,22,23 септември

Верче Чапова

Учество на:

-Oбука како дел од програмата за зајакнување на дигиталните компетенции на наставниците  – „Инспирирај развој”  – модул 1, септември 2020;

-Онлајн Дискусија за новините во Испитната програма за проектна задача во рамките на државната матура, Државниот испитен центар во соработка со Министерството за образование и наука -10.11.2020;

-Едуино вебинар  – Добри практики за спорведување на онлајн час, 15.10.2020