Денес 14. март, низ цел свет се одбележува Меѓународниот ден на бројот “π” (3,141592…).
π е ирационален број, односно бесконечен непериодичен децимален број.
На многумина од нас им претставува предизвик колку децимали можеме да запишеме од овој број, иако во сејдневната употреба се користи 3,14. Таков предизвик денес имаа и учениците од природно математичкото подрачје А од трета година при нашето училиште. Предводени од професорот по математика Билјана Јованова, учениците ја проверија својата меморија преку запишување на бројот π со што е можно повеќе децимали. Најголемиот запис беше со 20 децимали.
Исто така, со помош на мерења на дијаметар и периметар на кружница, покажаа дека овој однос е приближно π. На крај одбележувањето на денот беше заокружено со претставување на бројот π преку разиграни цифри со 10 децимали.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…