Учениците од проектот ACCESS, денес, четврток, 24.02.2022, во просториите на СОУ “Коста Сусинов”, ја реализираа и последната работилница од предвидените 3 со учениците од 9 одделение од основните училишта во нашата Општина, кои беа предвидени во целите на проектот.
На работилницата присуствуваа учениците од OОУ “Кирил и Методиј” с.Ораовица, од OОУ “Коста Рацин”, с.Подареш, и OОУ “Орце Николов” с.Ињево, Калуѓерица и Злеово. Поканети беа и учениците од OОУ “Гоце Делчев” Конче, меѓутоа од оправдани причини не присуствуваа.
Директорот на СОУ “Коста Сусинов” Гоце Лазаров им посака добредојде и успешна работа на гостите, а професорката Нина Железарска накратко ги презентираше вон-наставните активности на учениците, и нивното учество на натпревари и во проекти.
Средношколците, членови на ACCESS, имаа подготвени нови содржини за игрите „Guess the secret American” и “Film Emojis” под менторство на проф. Наташа Спасевска, со што и во оваа работилница, со новите гости се поттикна тимската соработка, споделување на знаење и вештини, како и комуникација и дружење, и при тоа победниците беа наградени.
Во текот на оваа работилница се реализираа дел од целите на “Access”, која е две-годишна програма за стипендирање поддржана од Стејт Департментот на САД, во организација на МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование, а во соработка со СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш.
Во реализацијата и на денешната активност, учениците ги почитуваа правилата и мерките за заштита на здравјето во пандемиски услови.
Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…