На 20.03.2023 беше одржана третата работилница од проектот “BRAVE – ХРАБРИ” на тема “Активирај се! – Биди одговорен кон животната средина!”, под раководство на проф. Венка Тадирова, а во соработка со Здружението на граѓани “Еко Логик”.
Учениците имаа можност да учествуваат во интересни активности и игри, како што се: мрежа-синџир на исхрана, еко квиз, изработка на препораки за заштеда на енергија, заштита на вода, воздух и почва, и управување со отпад, а на крај ја играа друштвената игра “Еко маало”, за која искажуваме голема благодарност до креаторите на играта Здружението на граѓани “Еко Логик”, од Скопје.
Преку оваа работилница учениците се потсетија за тоа колку е важно да се однесуваме одговорно спрема животната средина и да ја чуваме нашата планета Земја, бидејќи таа ни е една и единствена! Учениците испраќаат порака до сите:
“Немаме резервна планета – чувајте ја!”
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…