Одржани повеќе работилници по повод Денот на екологијата

По повод 21. Март, Денот на екологијата во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш беа одржани неколку еко работилници во кои учествуваа наставниците и учениците.

Во дел од работилниците имаше дискусии околу одредени ЕКО ФАКТИ: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ кои им беа прочитани на учениците. Сите ученици се согласија дека за секој од овие факти треба да се посветува посебно внимание во текот на нивното секојдневие. Дел од овие факти беа:

 

  • водата од чешмите кои што не се добро затворени капе со околу 1 капка во секунда, што на месечно ниво изнесува околу 624 литри. Тоа е повеќе вода отколку што му е потребна на просечниот човек за нормално функционирање во рок од 2 седмици.
  • Околу 30% од енергијата во зградите се користи неефикасно и непотребно;
  • Просечниот статичен компјутер користи 80 W, лаптопот околу 20W електрична енергија, а Sony Play Station користи нешто помалку од 200W; итн.

Имаше и работилници во кои учениците на хамери ги испишуваа своите идеи и мислења за обновливите и необновливите извори на енергија. 

Дополнително, беа изработени хамери со ЕКО пораки кои се поставени во училиштето, а беа посадени и цвеќиња.

kostasusinov

Recent Posts

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

3 months ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

8 months ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

8 months ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

8 months ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

8 months ago

Регионален натпревар по македонски јазик и литература

Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…

8 months ago