Categories: Активности

ПОКАЖИ ГО СВОЈОТ ТАЛЕНТ – ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО СТИПЕНДИСКАТА ПРОГРАМА НА СОЛВЕЈ

Рудниците за бакар Бучим и Боров Дол, објавуваат отворен повик за пријавување на учесници во онлајн уметничко-образовната стипендиска програма, која што се спроведува во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, поддржана од матичната компанија на рудниците – Солвеј Инвестмент Груп.

Направете промена во вашиот живот и искористете го вашиот потенцијал!

Научете нешто ново –  научете да танцувате, запознајте се со појавата и развојот на уметноста, научете како да го искажете вашиот вроден талент.

Вашето креативно јас на крајот ќе ви се заблагодари!

Искористете ја можноста за  бесплатен курс по англиски јазик, часови по историја на уметноста, мастер  клас часови за уметнички перформанси, викенд патување со вашите нови пријатели, изведба на вашето лично дело како дел од шоуто за таленти, под менторство на тимот на Салцбуршкиот фестивал  и финална награда за  победникот – патување во Салцбург проследено со индивидуална обука со ментор од Салцбуршкиот фестивал*.

Пријавувањето е многу едноставно – споделете го вашиот TikTok или Instagram профил, доколку имате објави кои што го прикажуваат вашиот талент ИЛИ снимете видео до 90 секунди во кое што ќе го претставите својот талент, прикачете го на YouTube со опција unlisted (видеото може да го види само оној на кој што му го испраќате линкот).

Повикот е отворен за сите млади креативни ентузијасти од Штип, Радовиш и Конче на возраст од 14 до 17 години.

Вкупно 15 учесници од Северна Македонија имаат можност да бидат дел од стипендиската програма. Изборен дел за оваа програма се одвива и во Украина и Гватемала.

Краен рок за пријавување – 8 февруари 2021 година.

За подетални информации посетете ја интернет страницата:

* Во случај на законски ограничувања за патувањето, активноста ќе биде одложена или ќе се одвива онлајн.

Новата 2021 @Creative.fellowship програма, се заснова на целосно обновениот концепт кој е развиен во согласност со барањата наложени од пандемијата Ковид-19.

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

7 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago