Categories: Активности

Реализирана работилница за изработка на успешна веб страница во рамките на проектот “Youth in charge of the world”

Славица Атанасова во просториите на СОУ “Коста Сусинов” на 13.11.2018  година, реализираше работилница во која главната цел беше учениците да научат како да изработат успешна веб страница. На работилницата присуствуваа учениците кои се таргет група на проектот и која ја сочинуваат 34 ученици од нашето училиште.

Најпрво наставникот Славица Атанасова ги поздрави учениците и им кажа со што ќе се запознаат на работилницата. Преку неколку прашања на кои одговараа присутните ученици беше утврдено кои страници најчесто ги посетуваат учениците и колку тие имаат познавања и вештини за изработка на веб страница.

Потоа следуваше презентација со насоки и упатства за изработка на успешна веб страница. На почетокот од презентацијата им беа претставени 6 чекори за изработка на веб страница, а потоа им беше објаснето кои се нивните задачи и активности. Учениците добија задолженија да истражуваат и да размислат за насловната страница, содржината која ќе биде поставена на веб страницата, менито и промовирањето на веб страницата на социјалните мрежи.

Следуваше поделба на учениците во 5 групи т.е формирање на работни тимови од ученици, при што секој од работните тимови доби задолженија. Тимот „RYCO“ доби за задача да пребарува и да најде податоци за RYCO проектот. Тимот „Нашите активности…“ доби задача да најде податоци за сите актвности кои ги имаа учениците кои се дел од проектот пред да заминат во Нови Сад и Јајце. Тимот „Нови Сад“ доби за задача да ги претстави сите активности кои ги имаа учениците за време на посетата во Нови Сад, како и да ги прикажат местата кои беа посетени. Тимот „Јајце“ доби за задача да ги претстави сите активности кои ги имаа учениците за време на посетата во Јајце, како и да ги прикажат местата кои беа посетени. И последниот тим „Implementation team“ доби задолжение од сите прибрани податоци да изработи веб страница.

На крај беше побарано од учениците да дадат свои размислувања за изработката на веб страницата, како и да споделат свои идеи.

На посетата беа присутни наставниците кои се одговорни за проектот ”Младите одговорни за светот.“, Венка Тадирова, Наташа Спасевска, Катерина Сусинова и Нина Железарска.

Во прилог се дел од фотографиите од самата работилница:

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago