На ден 02.06.2022г. група ученици од од СОУ „Коста Сусинов“ кои реализираат настава на македонски и турски наставен јазик беа на организирана посета на неколку значајни места во Струмица.
Оваа организирана посета е втора од повеќето планирани активности поддржани со грант од Министерството за образование и наука за заеднички ученички активности. Целта на овие активности е да се овозможи равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата помеѓу учениците.
Учениците го посетија манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во село Вељуса, манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ во село Водоча.
Потоа продолжија кон источниот дел на градот Струмица каде ги посетија „Орта Џамија“ и комплексот цркви постевени на „Св. Петанесет Тивериополски Свештеномаченици“ каде што се наоѓа чудотворната икона „Пресвета Богородица Брзопослушница“ која е донесена од светогорскиот манастир „Дохијар“ на 12. март 2017 година.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…