„Јазикот и неговата комуникациска моќ“
е насловот на настанот организиран од страна на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на кој нашата ученичка Сара Спасова под менторство на професорката по француски јазик Лили Георгиева освои прва награда за најдобар есеј на странски јазик.
На 4 април 2018 година во Мултимедијалниот центар при УГД, се одржа настанот „Јазикот и неговата комуникациска моќ“ на кој присуствуваа љубителите на јазикот од 17 до 77 години и на кој им беа понудени незаборавни педесетина минути посветени на моќта на јазикот. Беше приредена неверојатна јазична гозба со глума, музика, цитати и изложба на цртежи од средношколците учесници на конкурсот при што се потенцираше моќта на јазикот.
На наградниот Конкурс организиран од Филолошкиот факултет при УГД, биле пријавени 140 есеи по македонски јазик, околу 50-тина на странските јазици (англиски, германски, италијански, француски, турски, руски и шпански јазик) и околу 60-тина цртежи.
Честитки за ученичката и менторот.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…