На 11/12 Ноември, 2017 година се спроведоа еко работилници на часовите од страна на предметните професори по повод Светскиот ден на акција.
Мкеои професори имаа дискусија-разговор на некоја од еко темите заедно со учениците, некои изготвуваа еко пораки и сл, а најуспешна беше работилницата на часот по филозофија организирана од страна на проф. Јовица Илиќ со учениците од IV-2 клас. Имено на часот учениците под раководство на професорот смислиле еколошка песна која ја испеале додека професорот ја свирел музиката со својата гитара.
Акција: Светски ден на акција 2017
Цел на акцијата: Да се едуцираат учениците за заштита на животната средина
Целна група: ученици; професори; останати вработени во училиштето
Подготовка на акцијата
Бр. | Активности | Време на реализација | Одговорен | Потребни средства |
1. | Подготовка на еко работилници | 11.11.2017 | Предметен професор | Компјутер, интернет |
2. | Одржување на еко работилници | 11/12.11.2017 | Предметен професор | Просторија во училиштето, лап-топ, проектор, гитара, маркери, фломастери |
Реализација на акцијата:
Бр. | Постигнати резултати | Индикатори | Собрани средства |
1. | Едуцирани ученици на разни еколошки теми | Мислење на учениците | //// |
2. | Изработена еко песна и испеана од страна на ученици | 1 песна | //// |
3. | Изработени еко пораки | 20 пораки | //// |
Учесници во акцијата:
Учесници | Машки | Женски | |
1. | Ученици | 150 | 200 |
2. | Наставници | 20 | 30 |
3. | Вработени | / | / |
4. | Родители | / | / |
5. | Општина | / | / |
6. | Соработници | / | / |
7. | Останати учесници | / | / |
ВКУПНО | 170 | 230 |
Медиумска покриеност:
Медиум | Број на испратени соопштенија | Број на објави | Број на гостувања | Број на присутни медиуми |
Веб-страница | 1 | 1 | / | / |
НАПОМЕНА: Песната е изработена со IV2 клас на час по филозофија со планирње и реализација на еко содржина на ден 11.11.2017 г. Учениците се јавуваат како автори на текстот и музиката кои се создаваат на самиот час в координација на професор Јовица Илиќ
ЕКОЛОШКА СОДРЖИНА
Еколошка содржина
Да се биде да се чисти
Таа душа што те слуша
Чисти мисли чисти улици
Еклошка содржина
Јас ти давам љубов сила
Ти си птица што ме води
Низ планети чисти води
Еколошка содржина
Јас сум тука сега мила
Како птица како пчела
Низ чисти градови и села
Е к о л о ш к а с о д р ж и н а
Изготвил: Катерина Сусинова-координатор на еко програмата
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…