На 17.09.2021 нашите ученици кои еве ја почнаа и втората година од проектот “Access” имаа чест и задоволство да се запознаат со одговорните лица на проектот, Борка Танеска – претставник на Американската Амбасада, под чие покровителство е проектот и Стела Пијанманова- координатор на проектот, претставник на МЦГО.
Откако минатата година нашите ученици повеќе пати имаа комуницирано со нив на онлајн часовите, наречени ‘Thursday Talks’, сега ова им беше прва средба ‘во живо’ и имаа можност да ги прашаат се она што ги интересира во врска со проектот, како и придобивките кои би ги имале по неговото завршување.
Гостите присуствуваа на една од активностите кои учениците ги реализираат како дел од проектот, заедно со своите професорки, Катерина Сусинова и Наташа Спасевска. За овој настан имаа подготвено интересни факти и податоци за секоја од 50те американски држави и часот течеше како еден интересен разговор меѓу учениците и гостите. На крај сите се почестија со скромна закуска организирана од страна на директорот на училиштето, Гоце Лазаров, и си заминаа со прекрасни импресии од средбата.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…