Ученици и наставници од СОУ „Коста Сусинов“ во посета на Велика Плана – Србија

Во периодот од 1 до 4 јуни, тројца професори и десет ученика од СОУ “Коста Сусинов” беа во тридневна посета на гимназијата од Велика Плана во Србија. Оваа посета беше дел од предвидените активности во склоп на Проектот за инклузивно образование, а самите наставници и ученици дел од тимот за инклузивно образование.

Целта на посетата беше пред сè да се разменат знаења меѓу двете училишта во однос на целокупниот образовен процес, и да се започне соработка меѓу училиштата.

Првиот ден од пристигнувањето, во попладневните часови, претставниците од СОУ “Коста Сусинов” беа дочекани од директорката на гимназијата “Велика Плана” Влатка Милосављевич како и од целокупниот наставнички колегиум. За таа цел, вечерта во просториите на училиштето беше организирана мала манифестација и коктел за гостите од Радовиш, на тој начин посакувајќи им срдечно добредојде и  запознавајќи ги накратко со особеностите како на гимназијата, така  и на општината Велика Плана. Вечерта, нашите ученици беа сместени кај нивните домаќини-ученици од гимназијата “Велика Плана”.

Во наредните два дена учениците и наставниците гости, присуствуваа на училишните часови, ја следеа наставата, разменуваа знаења и искуства, и го споредуваа образовниот процес кај нив и кај нас во Македонија. По завршувањето на наставата, беше организирана обиколка на општината, поконкретно посета на значајни културни и историски знаменитости како Манастирот “Копорник”, гробот на Ѓорге Караџорџе Петрович, манастирот “Покајница” и етно село “Моравски конаци”.

   

 

А во вечерните часови, во ресторанот “Сплав” на бреговите на Морава,  професорките гости ја имаа можноста да се забавуваат и да споделуваат поопуштени моменти со професорите домаќини.

Третиот ден од посетата, по завршувањето на часовите, гостите од Радовиш заедно со наставници и наградени ученици од тамошната гимназија, го посетија главниот град Белград. Прекрасната туристичка обиколка подразбираше посета на кулата “Авала”, црквата “Св. Сава”, зоолошката градина во Белград, улицата “Кнез Михајлова” и Калемегдан.

 

Благодарение на прекрасно организираната програма, срдечноста, ангажираноста и обемното знаење на наставничкиот кадар на “Велика Плана” кое безрезевно го споделуваа со нивните гости, претставниците од нашето училиште ја имаа честа и можноста да ги збогатат своите знаења за културата, историјата и духот на нивната земја, што дури  и ги надмина нашите очекувања.

 

Што е уште поважно оваа меѓудржавна соработка и посета сведочи за продуктивноста и неопходноста од понатамошно реализирање на вакви активности кои би биле од огромна корист за подобрување на наставниот процес во училиштата.

kostasusinov

Recent Posts

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

3 months ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

8 months ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

8 months ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

8 months ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

8 months ago

Регионален натпревар по македонски јазик и литература

Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…

8 months ago