На 23. мај, во просториите на МКЦ (Младински културен центар) во Скопје, се одржа 8. по ред “Trash Fashion”, натпревар во кој учениците изработуваат модни дизајни од различен отпад и материјали кои што можат да се рециклираат и реупотребуваат. Овој натпревар се одржува секоја година по повод Светскиот ден за заштита на планетата Земја – 5. Јуни, во организација на Здружението на граѓани ОХО, а во склоп на Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

Нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” и оваа година учествуваше на натпреварот и се претстави со моделот “Историска географија”, изработен од страна на ученички од  I (прва) година: Илина Сандева, Анастасија Пулева и Ивана Пржовска, под менторство на проф. Катерина Сусинова.

Нашите ученички ја употребија својата имагинација и креативност за да го изработат моделот од: две стари училишни карти (една географска, една историска) и парче мека хартија, а за модните додатоци како што се чевли, шешир и чанта искористија картон, пластичен глобус, пластична кутија за видео касета и парчиња од училишните карти. Иако не освоија награда на натпреварот тие се многу задоволни од својата креација, настапот и од останатите активности кои се случуваа тој ден. Имено, пред главниот настан – модната ревија, моделот што ја носеше креацијата имаше генерална проба и фото сесија, а за тоа време останатите ученички од тимот учествуваа во креативна работилница во која изработуваа накит и чанти од реупотребливи материјали, кои подоцна беа изложени во холот на МКЦ.

Сите активности што се случуваа тој ден беа проследени од страна на учениците-млади репортери, кои што имаа за задача да фотографираат и снимаат за да подготват видео запис, фото репортажа и новинарска статија. За таа цел претставници од нашето училиште беа учениците од I (прва) година Илија Димитриев и Иван Евтимов, под менторство на проф. Нина Железарска, кои во текот на следната недела своите изработки треба да ги испратат до тимот одговорен за натпреварот “Млади репортери”.

Главната цел на натпреварот е постигната, односно голем дел од отпадот е реупотребен на еден креативен, интересен и забавен начин, а со тоа значително е развиена свеста кај младите за заштита на животната средина.

kostasusinov

Recent Posts

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

3 months ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

8 months ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

8 months ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

8 months ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

8 months ago

Регионален натпревар по македонски јазик и литература

Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…

8 months ago