Почитувани ученици и професори,
Нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” доби известување од ОХО – здружение за едукација, комуникација и консалтинг, дека и покрај ситуацијата со Ковид-19, натпреварот “Trash Fashion” ќе се одржи и оваа година.
Вие веќе знаете дека станува збор за натпревар во кој секое средно училиште од нашата држава изработува еден модел од реупотребливи материјали и го испраќа да учествува на модниот настан, кој вообичаено се одржува на 5ти Јуни – Светскиот ден за заштита на планетата Земја.
Оваа година настанот не беше одржан на таа дата, но ќе биде одржан на крајот од ноември со онлајн учество.
Затоа ве повикуваме сите заинтересирани ученици да се пријавите, со тоа што ќе формирате тим од 3 до 5 ученика кои ќе го изработат моделот (според претходно дадена тема), а еден ученик од тимот ќе треба и да го носи моделот. Можете да се договорите и со некој од професорите да ви биде ментор.
Пријавувањето е до 20ти Септември, 2020 година, кај проф. Катерина Сусинова, преку емаил адреса katerinasusinova@yahoo.com или преку порака во Messinger.
Се надеваме дека ќе го разбудиме вашиот интерес за да ја вклучите вашата креативност и да учествувате на овој несекојдневен и необичен натпревар.
Во прилог можете да ги погледнете моделите со кои СОУ “Коста Сусинов” учествуваше во изминатите години:
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…