На големо задоволство на актерите-аматери во склоп на Проектот на Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, поддржан од Министерството за култура, децата кои учествуваа во театарската претстава „Волшебникот и пријателите“ беа на еднодневно дружење во Скопје.

Целта на оваа еднодневна дружба со забавно-рекреативен карактер беше прошетка на учесниците во „Зоолошката градина“ – Скопје, како и развивање интерес за уметноста и градење на културни навики преку посетата на „Македонската опера и балет“ во Скопје.

Со топли насмевки, полни емпатија и разбирање учесниците од Дневниот центар „Порака“ и СОУ „Коста Сусинов“ поминаа уште еден ден дружба вреден за паметење и создавање трајни сеќавања.

Превод »