На 29/30 Септември, 2016 година ширум нашата држава се организираше акција “Бунт против отпадот – Ајде Македонијо”. Нашето училиште, како подршка на оваа акција, а во склоп на своите еко активности ја организираше акцијата на следниот начин:
Беше одржана презентација на тема “Управување со Отпад” пред ученици од втората смена од страна на самите ученици. Презентацијата ја подготвија ученици од III-2,5,6 и истите тие ја презентираа пред своите соученици како дел од едукацијата за чиста и здрава животна средина.
Ученици под раководоство на професорите кои предаваат проектни активности учествуваа во оваа акција во делот расчистување и разубавување на училишниот двор на седмиот час од првата смена.