Училиштето се стреми да создаде здрава училишна средина во која учениците пристојно ќе се чувствуваат, со можност секое дете да научи и се здобие со знаење, индивидуално да се развива и стекнува доверба во себе, во наставниците и другите вработени во училиштето, учениците да бидат постојано активни, а со тоа да стекнат и трајни знаења кои ќе им послужат понатаму во секојдневниот живот. Секое програмирање на работата на училиштето се темели на квалитетот на наставната работа и нејзиното се поголемо педагошко ефектуирање. За да може училиштето да ја реализира својата мисија, тоа ќе ги следи промените во општеството, но и самото ќе ги креира потребните промени. Визијата на СОУ Коста Сусинов Радовиш е тоа да биде безбедна и дисциплинирана средина за сите ученици, препознатливо и атрактивно за школување, константно да се развива и еволуира. Воспитно-образовниот процес да се одвива квалитетно, со современи форми и методи на работа прилагодени на потребите и интересите на учениците, наставниците, на локалната средина и воопшто на државата. Учениците со задоволство да се образуваат во училиштето и по завршувањето успешно да одговорат на современите предизвици.

За остварување на мисијата и визијата во училиштето во тековната учебна 2023 / 24 год. на ниво на училиште како приоритетни се поставуваат следните цели и инвестиции:​

Подобрување на техничките услови за работа во училиштето

  • Опремување на кабинетите со нагледни средства
  • Реконструирање на училниците
  • Опремување на фитнес сала
  • Реконструкција на парното греење
  • Набавка на средства за почеток на работилница за изработка на златен и сребрен накит
  • Ботаничка градина

Унапредување на воспитно-образовниот процес.

  • Континуиран професионален развој на вработените
  • Унапредување на воспитно-образовниот процес
  • Соработка со други училишта
  • Ангажирање на нови ресурси

Подобрување на комуникациите со заедницата

  • Едукација на учениците за сексуално воспитување, болести на зависност, сида, во борбата за здрава креативна личност.
  • Зголемување и подобрување на соработката со локалната заедница ибизнис секторот.
  • Подобрување на соработката меѓу наставници- локална заедница – родители.
Превод »