Воспитно-образовната дејност училиштето ја реализира во една зграда изградена во 1976 година со вкупна површина од 9.963 м2 на два спрата и подрум.

Училиштето располага со следниве наставни и помошни простории:

Училиштето се затоплува со поставен систем за парно греење, кој работи на нафта и е реновиран за рационално искористување на топлината извршен процес на монтирање на три топлински пумпи кои користат соларна енергија од фотоволтаичните панели поставени на училишната зграда со кои се врши замена на системот за парно греење од нафта со ,,зелена енергија”.

Поставени се фотоволтаични панели на кровот на училиштето за производство на сопствена електрична енергија.

Поставени се компостери во дворот на училиштето за рециклирање на органскиот отпад и отпад од хартија.

Магацинскиот простор на влезот на училиштето од десната страна, кој во минатото се користел за складирање на литература и учебници, веќе е преадаптиран и се користи како супер модерна училница со помош на средства од проектот за Иклузивно образование и служи за надминување на бариерите во воспитно-образовниот процес.Целосно опремен простор за работа на Ученичката заедница како и мултимедијален дел во училишната библиотека.

Превод »