Оглас за запишување ученици во СОУ Коста Сусинов Радовиш во учебната 2016/17 година

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2016/2017 година во Република Македонија, објавен од Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот, СОУ Коста Сусинов Радовиш објавува:

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ КОСТА СУСИНОВ РАДОВИШ ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА

Во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:

  1. ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ
    – 204 ученици, 6 паралелки, 60 минимум поени
    • Со настава на македонски јазик 170 ученици во 5 паралелки со четири годишно траење;
    • Со настава на турски јазик 34 ученика во 1 паралелка со четири годишно траење.
  2. ГЕОЛОШКО-РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА
    – металуршки техничар
    – 34 ученици, 1 паралелка, 45 минимум поени
    Со настава на македонски јазик 34 ученици во 1 паралелка со
    четири годишно траење.
    – ракувач со рударски машини (реформиран наставен план и програми)
    – 34 ученици, 1 паралелка, 30 минимум поени
    • Со настава на македонски јазик 34 ученици во 1 паралелка со
    три годишно траење.
  3. ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
    – електротехничар за компјутерска техника и автоматика
    – 34 ученици, 1 паралелка, 55 минимум поени
    • Со настава на македонски јазик 34 ученици во 1 паралелка со четири годишно траење.
    – електротехничар за компјутерска техника и автоматика
    – 34 ученици, 1 паралелка, 55 минимум поени
    • Со настава на турски јазик 34 ученика во 1 паралелка со четири годишно траење.
    – електроинсталатер и монтер (реформиран наставен план и програми)
    – 34 ученици, 1 паралелка, 30 минимум поени
    • Со настава на македонски јазик 34 ученици во 1 паралелка со три годишно траење
  4. ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА
    – продавач (реформиран наставен план и програми)
    – 34 ученици, 1 паралелка, 30 минимум поени
    • Со настава на македонски јазик 34 ученици во 1 паралелка со три годишно траење

II УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во СОУ Коста Сусинов во учебната 2016/2017 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот и со овој оглас.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.
За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

Условите за запишување на учениците се:
-да имаат завршено основно образование;
-да не се постари од 17 години;
-да се определиле за план и програма за еден од следнте видови образование
а)гимназиско образование;
б)стручно образование и обука;
-да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Огласот, за соодветните наставни планови и програми, и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

III ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето учениците треба да ги поднесат следните документи:
пријава за запишување (пријавата се подигнува од училиштето и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)

IV КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.
Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштето на 1 јули 2016 година, а резултатите ќе се објават на 2 јули 2016 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 4 јули 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2016 година.
Пријавување и запишување на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2016 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2016 година.
Доколку во двата уписни рока не се пополнат утврдените ученички места за запишување со овој Оглас, училиштето ќе продолжи со запишување на ученици до 31 август 2016 година.

V КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на учениците се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
 – среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– дипломи од освоени ( I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;)
– средна вредност од поени добиени за поведение.

Во случај да се пријават поголем број на ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

Наставни предмети кои се задолжителни за сите видови на образование се :
• Мајчин јазик
• Странски јазик

Наставни предмета кои се од значење за изборното подрачје, односно струката се:
-Гимназиско образование
Математика
Историја

-Геолошко рударска и металуршка струка
Математика
Физика

-Геолошко рударска и металуршка струка( три годишно траење)
Математика
Физика

-Електротехничка струка
Математика
Физика

-Електротехничка струка( три годишно траење)
Математика
Физика

-Економско – правна и трговска струка( три годишно траење)
Математика
Историја

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари : 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место).На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој Оглас може да добие најмногу 80 поени.
Утврдениот број минимум поени за првиот уписен рок, прво пријавување се составен дел на овој Оглас.
За Второто пријавување во јунскиот уписен рок, училиштето може да го намали утврдениот број на минимум поени дадени во огласот, за најмногу 5 поени, освен за гимназиското образование, економско-правна и трговска струка.
За пријавувањето во августовскиот уписен рок, училиштето можае да го намали утврдениот број на минимум поени дадени во огласот, за најмногу 5 поени во споредба со второто пријавување во првиот уписен рок (односно најмногу до 10 поени за двата уписни рока), освен за гимназиско образование и економско – правна и трговска струка.
Доколку во нашето училиште во кое се реализира настава за гимназиско образование и економско – правна и трговска струка не се потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Оглас по двете пријавувања од јунскиот уписен рок, потребно е до 8 јули 2016 година да достават до Министерството за образование и наука, барање за добивање согласност за намалување на поените заради пополнување на слободните места за августовскиот уписен рок.
Училиштето со интерен оглас за второто пријавување во јунскиот уписен рок и за вториот уписен рок е должно да истакне утврдени минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување по определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени ќе се изврши:
– за јунскиот уписен рок, второ пријавување на 2 јули 2016 година.
– за августовскиот уписен рок на 19 август 2016 година.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

НАПОМЕНА:
-пријавувањето се врши лично од ученикот или родителот, старателот (документите да не се праќаат по пошта);
-обврска на учениците кои ја повторувале годината е да се запишат во првиот уписен рок.

01.04.2016 год. СОУ Коста Сусинов Радовиш
Во Радовиш в.д. директор Венка Тадирова

Превод »