Одржана интерактивна работилница по повод 21ви март, Денот на пролетта, Ден на екологија и Интернационалниот Ден на среќата

со учениците од III – 2 клас, гимназиско образование,
општествено-хуманистичко подрачје, група А

класен раководител: Наташа Спасевска
предметен професор по биологија: Даниела Ѓоргиева

Времетраење: 2 часа ( 90 минути )

1. Воведен дел
– дискусија во голема група ( на ниво на клас ) на тема: Што е денес? Зошто се одбележува? Што симболизира?
– воспоставување усни правила за работилницата и можни очекувања од истата,
( учениците ги запишаа на лист хартија на ѕидот нивните очекувања од работилницата:
– да дојдат до нови сознанија за обновливи и необновливи извори
– да го прослават Денот на пролетта
– да споделат мислења, знаења и информации
– да се дружат и релаксираат. )

Eko rabotilnica - kosta susinov radovish 1

2. Главен дел
а) се спроведе една активност – игра, за опуштање на мислите и слободното изразување ( учениците беа поделени во 2 групи по 8 ученици, во секоја група учениците си ги испреплетија рацете секој со секој преку еден или двајца ученици, и тоа во преклопена форма на рацете; по инструкциите од професорот почнаа да се отплеткуваат, но и двете групи и после неколкуте обиди не ја постигнаа целта, но сепак првата група беше подобра )

– заклучоци од активност а)
• не успеаа затоа што немаа лидер и не се почитуваа
• требаше да си ги слушаат инструкциите една со други
• требаше да се исчекуваат, да бидат стрпливи и
• да одат чекор по чекор

Со тоа сами на себе си признаа дека треба да соработуваат во секоја активност секојдневна па и во денешната, за да ги постигнат очекувањата. После оваа активноста беа опуштени, релаксирани и спремни за работа.

Eko rabotilnica - kosta susinov radovish 2

б) на два различни ѕидови
во училницата беа залепени 2 листа хартија со наслови:

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
и
НЕОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Учениците се движеа низ училницата и ги запишуваа своите идеи и мислења. Дадоа солидни резултати. Потоа се направи анализа за сите запишани наслови проследена со дискусија во врска со секој од нив, учениците си дадоа свое оправдување и објаснување зошто напишале така.

в) Потоа на учениците им се прочитаа низа факти т.н. ЕКО ФАКТИ: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ поврзани со претходно споменатите поими, на кои треба да посветуваме внимание во текот на нашето секојдневие како на пр.

  • водата од чешмите кои што не се добро затворени капе со околу 1 капка во секунда, што на месечно ниво изнесува околу 624 литри. Тоа е повеќе вода отколку што му е потребна на просечниот човек за нормално функционирање во рок од 2 седмици.
  • Околу 30% од енергијата во зградите се користи неефикасно и непотребно;

  • Просечниот статичен компјутер користи 80 W, лаптопот околу 20W електрична енергија, а Sony Play Station користи нешто помалку од 200W; итн.

в) КВИЗ игра – за да се провери дали учениците ги знаат и /или ги запамтиле Еко Фактите.

  • учениците се поделени во 2 групи
  • во секоја група се договараат за точноста на одговорите
  • еден претставник од групата излегува на табла и го поврзува точниот одговор
  • се избира група – победник.
  • победниците добиваат награда и пофалба.

Eko rabotilnica - kosta susinov radovish 4

Учениците одлично си ја одиграа играта на знаење, покажаа одлична соработка помеѓу себе, имаа координација, имаа лидер, но имаа и рамноправност. Победничката група ја сподели својата награда со останатите.

Eko rabotilnica - kosta susinov radovish 5

3. Завршен дел ( заклучок )
– се направи рефлексија на тоа што беше сработено на часот со дискусија во голема група ( на ниво на клас )
– групата победник беше похрабра во последните дискусии
– сите едногласно и релаксирано изјавија дека ги исполнија своите очекувања од овој час.
– за време на работилницата ( со исклучок на почетната активност ) учениците се чувствуваа опуштено, релаксирано, сите беа мотивирани да учествуваат, дури за изненадување некои дотогаш пасивни ученици сега беа доста активни па дури во некои моменти играа улоги на лидери.

Со почит,
Наташа Спасевска

Превод »