Општа цел на активноста: Запознавање со концептот за ИНКУЗИЈА и ДИВЕРЗИТЕТ и сфаќање на нивното значење.

Вид на активноста : Работилница во склоп на Проектот за регионална подршка за инклузија во училиштето (проект на Советот на Европа и Европската унија)

inkluzivna raboptilnica

Конкретни цели:

  • Презентирање на концептот за инклузивност и диверзитет во образованието;
  • креирање и истакнување на пароли со мисли од областа на меѓусебно почитување, толеранцијата кон различноста;
  • стекнување на знаења за поимите инклузија и диверзитет;
  • меѓусебно дружење и комуницирање меѓу учениците од различните паралелки независно на нивните различности во однос на полот, националната и етничка припадност, социјалната припадност итн. ;
  • чувство на подеднаков придонес и заложби во реализацијата на активноста, од страна на сите ученици;
  • прифаќање на различностите кај другите учесници;
  • развивање на креативните и истражувачки способности кај учесникот во инклузивната група;
  • развивање на вештините за работа во група.

inkluzivna rabotilnica radovis (1)

Таргет група : Од 1 до 3 ученика од сите паралелки од сите четири генерации кои учат во гимназијата “Коста Сусинов” при што се опфатени ученици од сите етнички групи (македонци, турци и роми), од двата пола (машки и женски), од различни места на живеење (градски и рурални  места), од различна социјална припадност, различна возраст, различен семеен статус (со родители, со еден родител, со старател) итн.

Реализатори на работилницата : наставниците одговорни за реализирање на проектните активности: Нина Железарска, Даниела Георгиева и Каролина Ристова Миленков.

Соработници во реализацијата на работилницата: директорката на училиштето Венка Тадирова, членови на тимот за Инклизивно образование Наташа Спасевска, Иванка Спасова, Фикрет Баров и други наставници од училиштето, како и претставници од Советот на родители.

 Временска рамка: Оваа активност се реализираше во месец декември (05.12.2014 година).

Место на реализација: во просториите на гимназијата Коста Сусинов

Потребни средства за реализација на активноста: кабинет, компјутер, проектор, хамер-хартии, фломастери, дрвени боици, селотејп, ножици, информативен материјал

inkluzivna rabotilnica radovis (3)

Очекувани резултати :

  • стекнување знаења за концептот, значењето, историјатот на Инклузивното образование;
  • создавање на пријатна и креативна атмосфера за работа
  • согледување и прифаќање на различностите кои постојат во склоп на нашето училиште

inkluzivna rabotilnica radovis (10)

Опис и тек на активностите од работилницата:

Работилницата за тн. Инклузивен хепенинг беше одржана на 05.12.2014 година во просториите на гимназијата Коста Сусинов со гореспоменатите учесници. Истата опфаќаше поголем број активности и тоа:

  • Запознавање на сите учесници во проектот;

Најпрво се обрати директорката Венка Тадитова која им посака добредојде на сите присутни и воедно го изрази своето задоволство поради тоа што нашето училиште е дел од Проектот за регионална подршка за инклузивно образование. Наташа Спасевска како член од тимот за инклузивно училиште  во кратки црти ги воведе присутните во целта на проектот и ги претстави другите членови од инклузивниот тим.

  • Презентирање на целите, поимите и исходите од овој проект со помош на компјутерска презентација;

Еден од менторите за проектните активности Нина Железарска изврши кратка компјутерска презентација со цел да им бидат појаснети  основите и мисијата на самиот проект

  • Поделба во групи;

По завршувањето на презентацијата трите наставници одговорни за часовите по проектни активности ги поделија учениците во групи и им ги претставија нивните задолженија во понатамошниот тек на работилницата.

  • Дискутирање на зададена тема и размислувања за инклузивноста;

Учениците кај секој ментор беа поделени во хетерогени групи од 4 до 5 учесника, при што беше побарано  секоја група, да одговори анонимно или да даде свое размислување за степенот на инклузивност во нашето училиште и начините како би се подобрила инклузивноста во иднина. Одговорите беа дадени писмено и  беа презентирани пред сите присутни.

  • Избор на цитати и мисли од повеќе понудени;

По завршувањето на дискусијата на учесниците им беа дистрибуирани листи со многубројни мисли од областа на толеранцијата и меѓусебното почитување, при што секоја група заеднички избра по една мисла која понатаму ќе ја изработат на хамери.

  • Изработка и креирање на хамери со избраната тема за работа

На крај секоја група пристапи кон изработување на хамерите, цртање и  испишување на избраните мисли на хартија. По завршувањето беа собрани ситеизработени  хамер-хартии за нивно понатамошно истакнување во холодт на гимназијата.

Со тоа, по повеќечасовно работење, беше завршена првата инклузивна работилница.

inkluzivna rabotilnica radovis (7)

По комплетирањето и финализирањето на сите изработки, се пристапи кон декорирање на училиштето со нив.

Критериумите кои при реализацијата на оваа активност  беа запазени се следниве:

  • етничко јазични мешани групи –  при реализацијата учествуваат ученици од два различни наставни jазици (македонски и турски)
  • групите со учесници беа избалансирани во однос на возраста и полот
  • интеракција меѓу сите учесници без разлика на нивната возраст, пол, етничка припадност итн.– Во текот на реализацијата на активноста учениците остваруваа непосреден физички контакт меѓусебе.
  • рамноправен третман на сите учесници
  • постигнување конкретни цели со учество на сите застапени учесници
  • реализација во кооперативна атмосфера – Активноста се реализира во кооперативна атмосфера којашто ги поттикнува учениците на меѓусебна соработка и односи на меѓузависност.

inkluzivna rabotilnica radovis (5)

Превод »