Во текот на месец јуни за наставниот кадар од СОУ „Коста Сусинов“ се одржаа и останатите 3 обуки предвидени со проектот „Регионална поддршка за инклузивно образование“. Предавањата ги реализираа професори од Филозофски факултет – Скопје и тоа: проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова, проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ, доц. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска и доц. д-р Александра Каровска Ристовска.
Едукацијата се однесуваше на следниве теми:
I Филозофија на инклузивно образование
II Бариери за инклузивно образование,
III Карактеристики на ученици со посебни образовни потреби и
IV Изработка на Индивидуален образовен план (ИОП) за секој ученик со посебни образовни потреби.
Едукација е од голема корист за целиот наставен кадар за надминување на сите бариери во текот на воспитно-образовниот процес.