Повик за аплицирање на проект за соработка на младите “A BETTER REGION STARTS WITH YOUth”


kostasusinov logo 1logo ryco

“A BETTER REGION STARTS WITH YOUth”

( Проект за соработка на младите поддржан од 6-те влади на Западен Балкан: Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово* и Црна Гора, и други донатори )

Целта на овој проект е промовирање на социјалната инклузија на младите луѓе преку мобилност, соработка и заеднички проекти. На тој начин кај учениците ќе се прошири меѓукултурното ниво на толеранција, почитување и солидарност кон другите култури и нации од поранешните југословенски простори од Западен Балкан. За повеќе информации посетете ја интернет страната www.rycowb.org .

“ Youth in charge of the world “

“We learn – We earn; We share – We care; We strain – We gain; We travel – We marvel!

We are the youth and we speak the truth! When we are in charge the world will enlarge!”

Тоа е насловот, логото и мотото на нашето училиште “Коста Сусинов” Радовиш со што се вклучува во овој проект кој ќе трае 9 месеци почнувајќи од 1 септември 2018 година. Активностите од овој проект ќе се случуваат кај нас во Радовиш, Македонија, и во партнер училиштата или средното стручно училиште во Јајце, Босна и Херцеговина и во гимназијата “Светозар Марковиќ” Нови Сад, Србија.

За таа цел се огласува повик до сите ученици од СОУ “Коста Сусинов” во Радовиш, од сите 4 години на образование, од гимназиско и стручното образование, да се пријават за учество во активностите од проектот, а тие се состојат во:

  • спремање и пополнување на материјали како на пр. прашалници, анкети итн.
  • учество на обуки за креирање на презентации, како и правење и реализирање на презентации;

  • патување надвор од Македонија (во Босна и Херцеговина и Србија )study visits;

  • споделување на искуства и знаења преку дисеминација;

  • соработка со ученици од Босна и Херцеговина и Србија преку фб профил и форум;

  • креирање, дополнување и одржување на веб страна за проектот;

Сите ученици кои се чувствуваат способни да ги извршуваат овие активности можат да се пријават на овој повик, со тоа што ќе го пополнат формуларот кој е објавен на веб страната на СОУ “Коста Сусинов” www.kostasusinov.edu.mk и пополнетиот формулар да го испратат на следниот е-mail nina_arsova@yahoo.com, најдоцна до 27.09.2018 (четврток). За повеќе информации учениците можат да се обратат кај професорите: Катерина Сусинова, Наташа Спасевска, Венка Тадирова и Нина Железарска.

Изборот на учениците ќе се базира според претходно утврдени критериуми и тоа:

  1. хетерогена застапеност на ученици од сите класови во училиштето,
  2. рамноправна застапеност на ученици од машки и женски род,
  3. застапеност на територијалниот фактор – ученици и од урбаната и од руралните средини
  4. застапеност на социо-економскиот фактор кај учениците,
  • Искуство од овие активности не е задолжително;
  • Познавање на српски и босански јазик не е задолжително;

  • Познавање на соседните држави ( претходно патување во нив ) не е задолжително.

Нека ве поведе желбата за патување, да се запознаат соседите на нашата татковина и нивните културни вредности.

Превод »