Еко училиште

DRVO I VELOSIPEDI Чест и задоволство ни е да Ви се пофалиме дека од март 2012 година, нашето училиште активно се вклучи во проектот „Еко – училиште“.

Целта на овој проект е заштита на животната средина и нејзина интеграција во воспитно-образовниот систем. Оваа програма ја спроведуваат Министерството за образование и наука, Здружението на граѓани ОХО и швајцарската агенција за развој.

Преку оваа програма, за заштитата на животната средина, ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други лица кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.

Проектот Еко-училиште е наменет за подобрување на изгледот на околината во која учиме и работиме, за развивање на еколошката свест, како и грижа и чување на околината од страна на учениците.

Процесот да се стане еко-училиште е сеопфатен, а функционира на начин во кој се вклучуваат сите субјекти кои се поврзани со училиштето. Со него се охрабрува тимската работа како и заедничкото разбирање за тоа што е потребно за едно училиште и како да се подобри животната средина.

Цели на проектот во училиштето:

  • Рационална употреба на енергијата;
  • Рационална употреба на водата;
  • Намалување на отпадот;
  • Промена на навиките;

Задачи на еко одборот за постигнување на целите:

  • Да се запознае со темите енергија, вода и отпад (предавања)
  • Да одржи едукација на темите за целото училиште
  • Да изработи материјали за кампањи за училиштето (постери и налепници)
  • Да организира настани по повод одбележување на еколошки денови за подигање на јавната свест
  • Да го мониторира изведувањето на проектите и подобрувањето на состојбата во училиштето
  • Да креира активности (проекти) што ќе доведат до подобрување на состојбата
  • Да изврши почетно снимање на состојбата на темите енергија, вода и отпад во училиштето
Превод »