Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ во посета на децата од Дневниот центар „Порака“

На 15.12.2016 г. во просториите на Дневниот центар „Порака“ – Радовиш се одржа театарска претстава од страна на група ученици од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, под менторство на професорката Катерина Диманова и професорката Маја Караманова. Децата од „Порака“ имаа можност да уживаат во претставата и да се дружат со од учениците од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш.

Превод »