Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ дел од Образовното Рандеву на МАССУМ 2017

РЕЗУЛТАТИ

Од Образовното Рандеву на МАССУМ 21-22 април 2017

СЕПУСГ “Васил Антовски Дрен ” Скопје

Наставник ментор: Наташа Спасевска,

Околу 60 ученици и оваа година учествуваа во 16 категории и тоа:

  • натпревар во јавен говор,
  • интервју за работа на македонски и англиски јазик,

  • маркетинг план,

  • најдобар постер,

  • најдобра видео реклама,

  • најдобра фотографија,

  • најдобар филм,

  • најдобра драмска претстава,

  • најдобра поетска творба,

  • најдобро онлајн кариерно портфолио,

  • најдобар бенд и соло изведувач,

  • најдобар штанд,

  • како и во спортските натпревари по серва,

  • пинг понг и

  • баскет.

Учениците долго време посветено и ангажирано работеа на категориите под менторство на своите професори: Сања Маринковска, Наташа Спасевска, Катерина Диманова, Маја Сулева, Славица Атанасова, Билјана Теохарева Филипова, Наташа Ангелова, Миле Коцев, Иванка Спасова, Љупче Атанасов, Ѓорге Лахтов и Дејан Милчевски.

massum 2017 - sou kosta susinov radovis (9)

Образовното рандеву оваа година како и сите претходни покажа дека децата имаат многу способности кои треба и сакаат да ги покажат во вон-наставни активности. Тоа го покажуваат и следниве резултати од овогодишниот МАССУМ:

I место – најдобар спортист во пинг-понг

Ученик: Венко Стојанов

Ментор: Љупче Атанасов

II место – најдобра поетска творба

Ученик: Викторија Митева

Ментор: Сања Маринковска

II место – најдобра видео реклама

Ученици: Давид Даневски и Андреј Андонов

Ментори: Славица Атанасова

III место – најдобар филм

Ученици: Новица Младеновски, Влатко Гаврилов, Костадин Дединец и Димитар Алексов

Ментор: Билјана Теохарева Филипова

III место – интервју за работа на англиски јазик

Ученик: Никола Ѓорѓиев

Ментор: Наташа Спасевска

III место – најдобро кариерно портфолио

Ученик: Мартина Ристевска

Ментор: Наташа Спасевска

III место – најдобар штанд

геолошко-рударска и металуршка струка, ментор Ѓорѓе Лахтов

Ученици: Валентина Василева, Рената Василева, Иван Петров, Јован Станишков

-електро-техничка струка, ментор Дејан Милчевски

Ученици: Иван Ристов, Стојанче Ристов, Џемаил Џемаилов, Џенгис Алиов.

Превод »