Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ повторно со своја креација на “Trasn Fashion”

По повод 5ти јуни – “Светскиот ден за заштита на планетата Земја” по 7ми пат нашето училиште учествуваше на натпреварот “Trasn Fashion” кој се одржа на 5ти јуни, 2018 (вторник) во МКЦ, Скопје.

Нашиот тим на ученици од II-1клас (Верче Андонова, Благица Стојанова и Павлина Енчева) под менторство на проф. Катерина Сусинова (координатор на еко одборот) изработија фустан и модни додатоци од реупотребливи материјали (најлон, вреќа и капачиња) со наслов “Futuristic ‘cap’ cake” за да учествуваат на ревијалниот дел од овој натпревар, чија тема оваа година беше ‘Мода од иднината’.

Иако не освоија награда, учениците се здобија со многу позитивни искуства од учеството на овој натпревар кој пред се има една многу хумана цел и порака, а тоа е да се зачува планетата Земја преку реупотребување на отпадот.

Превод »