programa za naucen saem

И оваа година во Oпштина Радовиш под покровителство на Градоначалникот Сашко Николов а во соработка со Основните и Средното општинско училиште, по втор пат ќе се одржи манифестацијата „Училишен Научен Саем 2015“.
Саемот ќе се одржи на 9 Мај (Сабота) со почеток во 10:00 часотна Плоштадот „Свети Спасо Радовишки“.

На Саемот во штандовскиот дел ќе се претстави и нашето училиште со најдобрите и најатрактивните природно-научни, технички и уметнички проекти со кои има добиено значајни награди и признаниjа на училишните натпревари.

Во сценско програмскиот дел сите училишта ќе се претстават со личната карта на училиштето како и со културно уметничка програма.

Превод »