Categories: Активности

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

Организацискиот одбор при СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш распишува литературeн конкурс на тема:

  • „Пораки кон иднината“, поезија, за учениците од IX одделение и
  • „Кога сега би нé гледал и слушал Коста Сусинов што би му кажале“ , есеј, за учениците од I до IV година.

Право на учество имаат ученици од  IX одделение од сите oсновни училишта во општините Радовиш и Конче, и ученици од I до IV година од средните училишта. Творбите ќе бидат класифицирани во две категории:

– категорија  IX одделение

– категорија I-IV година

Поетските творби за литературниот конкурс  во категоријата за IX одделение да се во должина најмногу до 25 стиха. Најзначајно е детските песни да се оригинални. Творбите да се испраќаат на е-маил адресата: kostasusinov@yahoo.com,  најдоцна до 01.04.2022 година. Е-маилот да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-маил на менторот, со назнака  за литературeн  конкурс на тема: „ Пораки кон иднината“.

Литературните  творби за литературниот конкурс  во категоријата за учениците од I до IV година да се во должина од 300 до 350 зборови. Најзначајно  е да се оригинални. Творбите да се испраќаат на е-маил адресата: kostasusinov@yahoo.comнајдоцна до 01.04.2022 година. Е-маилот да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-маил на менторот, со назнака  за литературeн  конкурс на тема: „Кога сега би не гледал и слушал Коста Сусинов што би му кажале“.

Откако жири-комисијата  ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата. 

За сите информации, можете да се обратите на e-mail адресата: kostasusinov@yahoo.com .

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago