Едно големо браво за вредните ученички од III-2 клас: Марија Прастова, Верица Георгиева и Косара Ѓорѓиева, како и за нивниот ментор, Катерина Сусинова!
Во изминатите 2 месеци ученичките вредно работеа и го создадоа моделот Doctor Queen.
Со овој модел тие ни порачуваат:
Инспирирани од моменталната Ковид-19 ситуација , а со цел да ја заштитиме природата со реупотреба на отпадот, ние собравме 300 најлонски кесиња, 30 блистери од апчиња, 5 рентгенски снимки, 10 цевки, 50 отварачи од лименки, парче стара завеса, и алуминиумска фолија и ја создадовме “Doctor Queen”!
“Doctor Queen” е супер херој која ќе им помогне на сите со нејзините супер моќи: трпеливост, љубов и стручност!
Ние веруваме дека сите доктори на денешнината треба да бидат кренати на пиедестал како кралеви и кралици, и затоа им искажуваме најголема почит преку нашата “Doctor Queen”!
Ученичките ќе добијат Сертификат и ќе бидат наградени со безжични полначи за мобилен телефон, а за менторот следува вредносен ваучер од 3000 денари од “Божиновски-часовници и накит”.
Им честитаме на постигнатиот успех, и се надеваме дека оваа награда ќе им биде мотивација и понатаму вредно да креираат и творат во разни области од нивниот живот!
Во прилог може да го проследите линкот од онлајн настанот Trash Fashion 2020.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…