Categories: Активности

ОТВОРЕН ДЕН ЗА УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ

ВЕ ПОКАНУВАМЕ

на 26.05.2022 (четврток) од 10:30 до 13:00 часот во училишниот двор на СОУ “Коста Сусинов” Радовиш

На овој ден нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” Радовиш ќе ги отвори вратите за сите деветтодделенци од нашата општина, општина Конче и пошироко,  како  и за нивните родители и наставници, а и за компаниите со кои нашето училиште има реализирано соработка и/или ќе соработува во иднина.

Во рамките на кампањата ‘’Учи паметно, работи стручно’’ за промоција на предностите и можностите кои ги нуди средното стручно образование, на овој отворен ден нашето училиште ќе биде посетено од страна на Министерот за образование и наука на РСМ.

Поради зголемување на бројот на дуални паралелки во стручното образование кои во иднина ќе создадат квалификуван кадар, со стручни вештини и компетенции, кој одговара на потребите на реалниот сектор во нашата општина и пошироко, нашето училиште ќе има можност да ги претстави четирите струки:

  • Електро-техничка струка со 2 профили: електротехничар- енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика, дуално образование;
  • Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили: рударски техничар и металуршки техничар, дуално образование;
  • Машинска струка со 1 профил: машински техничар;
  • Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.

Исто така ќе бидат претставени и гимназиските паралелки од:

  • Природно-математичкото подрачје,
  • Општествено-хуманистичко подрачје, и
  • Јазичното подрачје.
kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago