ПОВИК
За натпревар за најдобро КАРИЕРНО ПОРТФОЛИО на МАССУМ Образовното Рандеву 2016
Се повикуваат сите ученици на СОУ “ Коста Сусинов ” да учествуваат на овој натпревар индивидуално. Нашето училиште може да го претставуваат најмногу 3 ученика.
Секој ученик треба да се пријави за учество
кај проф. Наташа Спасевска ( nspasevska@yahoo.com )
најдоцна до 18 ти ФЕВРУАРИ 2016
СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИСУТНИ ВО УЧИЛИШТЕТО НА
18 ти ФЕВРУАРИ ( четврток ) во 13 часот
( во инклузивната училница )
( Ќе добијат инструкции и насоки за изработка на кариерното портфолио кое треба да биде изработено најдоцна до 20 март во електронска форма и да биде достапно on-line. Целта на овој натпревар е учесниците да видат како новите технологии можат да се користат за промоција и презентирање на сопствените вештини, знаења и постигнувања. )
Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку водство, практична работа и учење.
Сите учесници на овој натпревар ќе добијат сертификат за учество од USAID YES Мрежа проектот. Наградите за најдобрите ќе бидат обезбедени од бизнис партнери на проектот и од МАССУМ.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…