Нашите ученици, кои учествуваат во проектот “Access”, како дел од изучувањето на американската култура го одбележаа празникот Halloween!
Овој празник е со христијанско потекло и се празнува во западните култури секогаш на 31ви Октомври, како дел од тродневните прослави ‘Allhallowstide’ со кои им се оддава почит на душите на починатите, светците и мачениците. Самото име ‘Halloween’ значи ‘Вечерта на светците’, а традициите поврзани со овој празник потекнуваат од келтските антички празнувања на жетвата. Како симбол на овој празник се прави фенер од тиква, која што ја има во изобилство во овој период од годината, а најпозната традиција во западните култури е тоа што децата се маскираат и одат од врата на врата во нивните соседства извикувајќи ‘Trick or treat!’, при што се почестени со колачиња од страна на домаќините.
Нашите ученици учествуваа во работилница со која го одбележаа празнувањето на Halloween, на која изработија интересни креации – фенер од тиква, декорација на масичка, интересни Halloween лица, рамка за фотографирање итн.
Исто така тие играа разновидни игри, како што се:
Имаа квиз на знаење со податоци и факти за Halloween, а создадоа и интересни страшни приказни (scary stories). Во текот на целата работилница беа маскирани со интересни маски (funny mouths), се честеа со колачиња и овошје, во духот на Trick or treat, свиреа на клавир, слушаа Halloween музика, и си поминаа одлично!
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…