Categories: Активности

Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, вклучени во проектот „Access“ ги пречекаа г-ѓа Борка Танеска – претставник на Американската Амбасада и г-ѓа Стела Пијанманова- координатор на проектот

На 17.09.2021 нашите ученици кои еве ја почнаа и втората година од проектот “Access” имаа чест и задоволство да се запознаат со одговорните лица на проектот, Борка Танеска – претставник на Американската Амбасада, под чие покровителство е проектот  и Стела Пијанманова- координатор на проектот, претставник на МЦГО.

Откако минатата година нашите ученици повеќе пати имаа комуницирано со нив на онлајн часовите, наречени ‘Thursday Talks’, сега ова им беше прва средба ‘во живо’ и имаа можност да ги прашаат се она што ги интересира во врска со проектот, како и придобивките кои би ги имале по неговото завршување.

Гостите присуствуваа на една од активностите кои учениците ги реализираат како дел од проектот, заедно со своите професорки, Катерина Сусинова и Наташа Спасевска. За овој настан имаа подготвено интересни факти и податоци за секоја од 50те американски држави и часот течеше како еден интересен разговор меѓу учениците и гостите. На крај сите се почестија со скромна закуска организирана од страна на директорот на училиштето, Гоце Лазаров, и си заминаа со прекрасни импресии од средбата.

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago