Учениците-учесници во проектот „BRAVE“ во посета на главниот град, Скопје

Како дел од активностите на проектот BRAVE, учениците го посетија главниот град, Скопје, и покрај врнежливото време си поминаа прекрасно! Најпрво имаа разглед на позначајните зданија во центарот на градот, а потоа ја гледаа театарската претстава „Народен непријател”, во Македонскиот народен театар.  

       Целта на оваа посета беше културно издигнување, што навистина се постигна со погореспоменатите активности. Учениците беа воодушевени од извонредната театарска изведба на актерската екипа, меѓу кои беа и звучните имиња на Никола Ристановски, Ѕвездана Ангеловска, Нино Леви итн. Тие на одличен начин го претставија драмскиот текст на литературниот класик Хенрик Ибзен, “Народен непријател” (напишан во 1882г.), актуализирајќи го со современото општество во кое живееме и проблемите со кои се соочуваме, од политичка, еколошка, економска и општествена гледна точка.

       Целосно гледано, едно незаборавно искуство за учениците, а како последователна активност, тие ќе имаат работилница за култура и културно зајакнување, под менторство на професорките Катерина Сусинова, Нина Железарска, Венка Тадирова и Наташа Спасевска, каде ќе дискутираат и за постоењето на театарот како значаен дел од културата на еден народ.

*Овој проект е овозможен со грант спонзориран од Бирото за просвета и култура при Стејт департментот на САД, со парични средства обезбедени од Владата на САД, и администриран од ИРЕКС. Ставовите и информациите презентирани во проектот се сопствени на примателот на грантот, и не ги претставуваат оние на Стејт департментот на САД или ИРЕКС.

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago