Стручно

Стручното образование во СОУ Коста Сусинов е со четиригодишно траење. Стручно образование обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини неопходни за вклучување на пазарот на трудот или продолжување на образованието;

Во стручно образование се реализираат наставните програми за:

Електротехнички сектор каде има две квалификации и тоа: електротехничар-енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика во геолошко,

Рударски и металуршки сектор има три квалификации и тоа: металуршки техничар – за паралелка со зголемен број на часови по практично образование (дуално), металуршки техничар, геолошко – рударски техничар за паралелка со зголемен број на часови по практично образование (дуално),

Машински сектор со една квалификација и тоа машински техничар,

Сектор градежништво и геодезија со една квалификација и тоа градежен техничар за паралелка со зголемен број на часови по практично образование (дуално),

Наставните планови и програми се изготвени од Биро за развој на образование и од Центар за средно стручно образование, а одобрени од Министерот за образование и наука.

Наставниот процес опфаќа предмети за општо образование, стручни предмети, изборни предмети и изборни наставни подрачја, проектни активности, слободни часови, практична настава, како и дополнителна, додатна и консултативна настава, феријална пракса во стручното образование.