Активности

РЕАЛИЗИРАНИ 3 РАБОТИЛНИЦИ ПОМЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРОЕКТОТ ACCESS И УЧЕНИЦИТЕ ОД 9 ОДДЕЛЕНИЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНАТА

Учениците и наставниот кадар од СОУ “Коста Сусинов” Радовиш изразуваат голема благодарност до основните училишта во општина Радовиш ООУ “Крсте Петков Мисирков”, ООУ “Никола Карев”, ООУ “Кирил и Методиј”, с.Ораовица, ООУ “Коста Рацин” с.Подареш и ООУ “Орце Николов” с.Ињево, Калуѓерица и Злеово, за покажаниот интерес за меѓуучилишна соработка.

Средношколците, членови на ACCESS, исполнувајќи дел од целите на проектот, реализираа заеднички работилници со учениците од основните училишта со цел да се поттикне свесноста и желбата кај младите луѓе да се вклучуваат во проекти. На овој начин се развива комуникација, се споделуваат знаења и вештини, за да се подготвуваат младите луѓе за идните предизвици во животот.

Всушност во рамките на ова меѓуврсничко учење целта е да се збогатува и знаењето и употребата на англискиот јазик, затоа што оваа двегодишна програма за стипендирање е поддржана од Стејт Департментот на САД, во организација на МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование, а во соработка со СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш.

kostasusinov

Recent Posts

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

3 months ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

8 months ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

8 months ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

8 months ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

8 months ago

Регионален натпревар по македонски јазик и литература

Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…

8 months ago