Младите од Радовиш добија „Урбан ѕид“ на кој ќе можат да испишуваат пораки за заштита на животната средина и да цртаат графити со позитивна тематика. Урбаниот ѕид, кој се наоѓа на спортско – рекреативниот центар “25-ти Мај”, официјално го отворија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот општината Сашко Николов.
Овој проект, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт, е наменет за младите преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денеска ќе биде наменет за нивното креативно изразување.
Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ позитивно го прифатија проектот и учествуваа во него. Основната цел на проектот е младите својата креативност да ја насочат во позитивна насока и да се одвратат од идејата да пишуваат графити каде било и со каква било содржина.
Овој проект носи симболичен наслов ,,Урбан ѕид,, и досега е реализиран во десетина општини. Најчести учесници во проектот се учениците од основното и средното образование и претставниците на младинските совети од општините.
Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…
10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…
Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…
Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…
Несомнено е дека мајчиниот јазик се сака и негува во нашето училиште! На Регионалниот натпревар…