Урбан ѕид во Радовиш – место за креативно творење на учениците од СОУ Коста Сусинов

Младите од Радовиш добија „Урбан ѕид“ на кој ќе можат да испишуваат пораки за заштита на животната средина и да цртаат графити со позитивна тематика. Урбаниот ѕид, кој се наоѓа на спортско – рекреативниот центар “25-ти Мај”, официјално го отворија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот општината Сашко Николов.
urban-zid-1
Овој проект, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт, е наменет за младите преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денеска ќе биде наменет за нивното креативно изразување.

Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ позитивно го прифатија проектот и учествуваа во него. Основната цел на проектот е младите својата креативност да ја насочат во позитивна насока и да се одвратат од идејата да пишуваат графити каде било и со каква било содржина.

urban-rd-4-1-640x400

Овој проект носи симболичен наслов ,,Урбан ѕид,, и досега е реализиран во десетина општини. Најчести учесници во проектот се учениците од основното и средното образование и претставниците на младинските совети од општините.

Превод »