Categories: Активности

Трибина на тема „Болести на зависност”

Учениците од проектот ACCESS при СОУ “Коста Сусинов” Радовиш, заедно со своите ментори проф. Катерина Сусинова и проф. Наташа Спасевска, и денес, 29.11.2021 година, со нови активности. За да се обележи месецот на борба против болестите на зависност – месец ноември, во соработка со Организацијата на Црвениот крст од Радовиш, учениците беа присутни на панел дискусија на тема “Болести на зависност” или “Addiction diseases”. Свое излагање или презентација имаа четворица панелисти, професионалци во својата област или поточно, полицискиот инспектор Борче Наќев, д-р Весна Јанковска, проф. по филозофија  Јовица Илиќ и училишниот психолог Виолета Србакова.

Учениците беа активни слушатели, слушаа и заинтересирано прашуваа за пороците на денешницата пред кои младите луѓе често паѓаат во искушение. Експлицитно и во детали, секој од панелистите од свој аспект темелно ги објасни зависностите, болестите и последиците кои произлегуваат од нив, мерките и активностите за нивно препознавање и превенција од нив.

Учениците самите себеси се задолжија дека знаењето што го стекнаа на оваа панел дискусија ќе го пренесат до своите сокласници во најбрза можна прилика, а и секогаш ќе се трудат да кажат СТОП за болестите на зависност за себе и за своите другари.

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

7 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago