Categories: Активности

Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ учествуваа во театарската претстава „Волшебникот и пријаталите“

Деновиве во Радовиш се одржа еден несекојдневен настан. Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш имаа можност да учествуваат во театарската претстава „Волшебникот и пријаталите“ којашто беше во продукција на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш во соработка со Дневниот центар „Порака“ од Радовиш. Учениците од нашето училиште заедно со нивниот ментор, а воедно и драматург  Катерина Диманова Јованова на претставата ги покажаа своите извонредни таленти и се здобија со едно незаменливо животно искуство.

Психологот Виолета Србакова за процесот на создавање на овој непроценлив продукт кажа:

                „Возбудата помешана со гордост дека и тие можат е печатот кај лицата со попреченост, од дневниот центар „Порака“. Одговорноста со која ги прифаќаат задачите, упорноста со која ги повторуваат дејствата , нестрпливасто да се дојде на ред и да се одигра својот дел од улогата се за почит. Изградија однос полн со доверба кон средношколците од СОУ „Коста Сусинов“, ги вклучија во својот свет, горди дека се дел од една поголема слика. Знаат дека истата ќе дојдат да ја видат и други луѓе, надвор од нивното вообичаено опкружување.

                Впечатокот кој го остава оваа аматерска театарска група е дека навистина секој може да оствори нешто повеќе од вообичаеното, само треба да му се даде шанса и да му се отвори просторот. Ќе треба да работиме на одржливост на позитивните искуства и практики, а ова е една од нив.“

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago