Categories: Активности

Учениците од „Access“ Радовиш се запознаа со учениците од „Access“ Велес

На 10.12.2021 учениците од “Access” Радовиш беа одлични домаќини и ги пречекаа учениците од “Access” Велес. Проектот “Access” оваа учебна година се одвива во 5 градови од нашата земја, и тоа: Радовиш, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе. Покрај многубројните онлајн средби на учениците од сите 5 града во минатата учебна година, ова е прва средба во живо на која учениците од Радовиш и Велес имаа можност да се запознаат, да разменат искуства и мислења, да развијат нови пријателства.

         Гостите беа пречекани во дворот на нашата гимназија СОУ “Коста Сусинов”, и имаа кратка обиколка низ гимназијата, после што следуваше прошетка низ нашиот град. Најпрво беше посетена црквата “Света Троица” каде учениците беа поделени во групи и учествуваа во квиз на знаење со податоци за црквата. Потоа се продолжи по булеварот каде што пред зградата на општина Радовиш имаа случајна средба со градоначалникот г-н Ацо Ристов, кој на драго срце се согласи да се фотографира со учениците. Групата продолжи кон центарот на градот каде што повторно имаа квиз на знаење, овој пат со податоци за градот Радовиш, и на крај ја посетија градската библиотека каде дознаа повеќе за самата библиотека како и за животот и делото на познатата оперска пејачка со потекло од Радовиш, Милка Ефтимова. Учениците имаа можност да го пробаат и познатиот радовишки сомун, и сите си заминаа со позитивни импресии, посакувајќи да се видат и дружат повторно.

kostasusinov

Recent Posts

Посета на Меѓуресорска работна група за анализа на состојбата на меѓуетничките односи

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата…

6 months ago

Јавен повик за пријавување на ученици за Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS

Почитувани наши ученици од денес се отвора повикот за пријавување на ученици за учество во…

2 years ago

МАССУМ образовно рандеву – Радовиш

10. и 11. мај 2024г. 18 категории за натпревар 45 средни училишта 1500 учесници

2 years ago

Патронен празник на СОУ „Коста Сусинов“

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот со свечена академија во Аулата на училиштето…

2 years ago

Државен натпревар по физика

Уште еднаш нашиот труд и работа дава резултат. На државниот натпревар по физика одржан на…

2 years ago

Регионален натпревар по хемија

Работата со љубов и посветеност секогаш дава резултат. На регионалниот натпревар по хемија нашите ученици…

2 years ago