СОУ “Коста Сусинов” од Радовиш низ годините реализира мнгоубројни проекти преку кои нашите ученици имаат можност да бидат дел од најразлични активности како патувања низ земјата и во странство, следење бесплатни курсеви, обуки, создавања нови пријателства со нивни врсници од други земји, запознавање со различни култури итн. На тој начин стекнуваат богати и разновидни искуства и знаења од многу различни сфери кои им помагаат во изградување на нивните личности.
Последен од таков вид е проектот “Access” кој на многу ученици им овозможува не само да ги продлабочат своите знаења од англискиот јазик, туку и да запознаат многу еминентни личности од земјава и од светот, како и нови пријатели-соученици од други градови од Македонија, да ја развијат свеста за заштита на природата, да бидат хумани и да спроведуваат разни хуманитарни активности, да бидат алумни на Американската амбасада со што имаат можност за учење и патување во САД, како и многу други активности.
Во понеделникот на 7 јуни, 2021, беше реализирана завршната активност во склоп на овој проект, за оваа наставна година, каде во училишниот двор учениците заедно со нивните ментори проф. Катерина Сусинова и проф. Наташа Спасевска, имаа можност да ги споделат своите импресии од овогодинешните активности од проектот, и изработија два колаж-постери со фотографии од активностa “Истражи ја природата”, се доделија награди и пофалници за учество во активноста “Поетска вечер”, а воедно се почестија со вкусни специјалитети кои учениците сами ги подготвија и донесоа на настанот.
Во прилог споделуваме фотографии од самата активност.
Среќен летен распуст на сите ученици на СОУ “Коста Сусинов”, а од наредниот септември продолжуваме пак со нови и уште поинтересни активности во рамките на самиот проект!