Еко акција – Пошумување на планина Плачковица

Во соработка со еколошкото здружение од Битола “Биосфера”, а по повод Светскиот ден на планетата Земја – 22 Април, на ден 26.04.2018 година 50тина ученици од сите години од нашата гимназија СОУ “Коста Сусинов”, под раководство на професорките Катерина Сусинова – координатор на еко одборот и Билјана Јованова – претседател на еко одборот учествуваа во еко акција “Пошумување на планината Плачковица”.

31919586_1915102211841925_5612840133461016576_n

Пошумувањето се изврши на однапред одредени локации, подготвени од страна на вработените во Шумарското здружение од Радовиш, и нашите ученици засадија околу 3000 садници од вид на дрвото Чемпрес. Сите учесници беа задоволни од реализацијата на акцијата со која се надеваме дека придонесовме за зачувување на нашата планета Земја и нашата почиста и поздрава иднина.

Превод »